Намирниците, за кои ќе прочитате во продолжение, претставуваат стимулатор на енергија и значително ја подобруваат меморијата. Тие треба да станат дел од вашетп секојдневие. Каква храна јадеме, таков живот живееме.
Млеко од соја
Ја подобрува способноста за учење и запомнување (тоа се случува само кај жени), најверојатно како резултат на фитоестрогените.
Суво грозје
Сувото грозје содржи елемент кој ја подобрува меморијата и ја зголемува можноста за брзо реагирање.
Спанаќ
Содржи голема количина лутеин и други антиоксиданти кои ги штитат мозочните клетки.
Боровинки
Го стимулираат формирањето на мозочни клетки во хипокампусот, областа на мозокот што е одговорна за складирање на податоци.
Сок од грозје
Овој сок ја подобрува меморијата и способноста да се решат проблемите со зголемување на нивото на допамин во мозокот. Грозјето содржи голема количина на антиоксиданти.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!