Top

Храна за добро расположение

Веќе е познато дека чоколадото го стимулира лачењето на серотонин, хормонот на среќа, но само ако се консумира во умерени количини. Но, постојат и други видови храна кои го подобруваат расположението, смируваат и го намалуваат ризикот од развивање депресија. Имајте ги во предвид следниве 4 намирници.



БАНАНИ
Ова овошје нè прави среќни, а причина за тоа е триптофан. Тоа е супстанција која нашето тело ја претвора во серотонин, што доведува до опуштање и подобрување на расположението. Освен тоа, бананите (благодарение на витаминот Б6) го одржуваат нивото на шеќер во крвта на константно ниво во следните неколку часа откако се консумирани, што придонесува за будност и добро расположение.

ЗЕЛЕНА САЛАТА
Оваа салата е богат извор на фолна киселина која го подобрува расположението. Освен тоа, богата е со магнезиум, калиум и витамини А и Ц. Зелената салата е одличен лек за несоница бидејќи содржи млечен сок, кој ги смирува нервите и предизвикува сон.

БАДЕМИ
Познато е дека јаткастите плодови го подобруваат расположението и го прават организмот отпорен на стрес. Бадемите се најдобри природни антидепресиви и богати се со витамин Е. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат бадеми барем два пати неделно имаат 50% помал ризик од срцев удар.

ЛОСОС
Поради високото ниво на омега-3 масни киселини, лососот е добар за срцето. Овие киселини ја ублажуваат депресијата, ја намалуваат напнатоста и раздразливоста на прганизмот. Скуша, туна и харинга, исто така влијаат врз доброто расположение.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *