Top
dvopek

Храна која треба да ја јадете кога имате мачнини во желудникот

Кога чувствувате мачнина во желудникот, а ви се јаде, треба да избегнувате мрсна и тешка храна. Но, овие намирници не само што ќе ве заситат, туку и ќе ви помогнат.

Двопек
Двопекот е лесен и одличен начин за ублажување на мачнините. Наместо двопек можете да изедете мало парче леб од цели житарки. Двопекот го апсорбира вишокот на желудочна киселина и ги ублажува желудочните мачнини. Двопекот можете да го комбинирате со чај од нане.

Овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот, особено јаболката, бананите и спанаќот, имаат моќ да ги ублажат дигестивните тешкотии. Овошјето и зеленчукот имаат висок процент на влакна кои ја поттикнуваат елиминацијата на токсини од дигестивниот систем.

Јаткасти плодови
Сите видови на јаткасти плодови, или путер од овие плодови, можат да помогнат во ублажување на мачнините.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *