Top
riba

Храна која го подобрува помнењето

Здравата храна треба да ви стане секојдневна навика, а дел од неа влијае врз мозокот и го подобрува помнењето.

Риба
Сите морски риби се богати со омега – 3 масни киселини, а тие директно влијаат на памтењето. Спроведено истражување покажува дека оние кои јаделе риба барем еднаш неделно имаат 10% помал пад на менталните способности од oние кои не јадат риба.

Боровинки
Боровинките ги подобруваат когнитивните функции, а тоа го покажуваат бројни истражувања. Соединенија во боровинката, како антоцијан, помагаат во спречување на губиток на памтењето.

Овес
Овесот е житарка е богата со влакна и содржи фолна киселина, која ја зголемува моќта на мозокот.

Брокула
Брокулите се богати со антиоксиданси, а тоа добро влијае врз мозокот.

Зелен чај
Според повеќе истражувања, пиењето на зелен чај ги подобрува когнитивните функции. Имајте на ум дека не треба да се претерува – доволно се една до две шолји чај на ден.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>