Top
jabolko

Храна која ги чува забите

Ако внимавате на негата за забите, сѐ поретко ќе имате потреба да посетувате стоматолог. Имено, некои типови на храна од кујната ќе ви помогнат во тоа.

Суво грозје
Иако сигурно мислите дека сувото грозје е лошо за вашите заби бидејќи е благо, тоа ги чува забите. Истражувањата покажуваат дека овесните снегулки со суво грозје помагаат за чистење на усната шуплина многу побрзо отколку оние без грозје. Џвакањето на суво грозје го поттикнува лачењето на плунка што помага во борбата против кариес.

Јаболко
Џвакањето на јаболките ги чисти забите. Во нив има висока концентрација на јаболчна киселина која го поттикнува создавањето на плунка која ги чисти забите и ги отстранува дамките.

Aнанас
Ананасот содржи бромелин, состојка со анти-воспалителни својства и со способност за чистење на забите.

Брокула
Многу стоматолози се согласуваат дека џвакањето на брокула ги одржува забите чисти и здрави. Овој зеленчук е богат со влакна кои му помагаат на организмот во борбата против воспаленијата.

Сирење
Сирењето, благодарение на минералите, како калциум и фосфор, ги одржува вашите заби јаки.

Вода
Пиењето вода го поттикнува излачувањето на секрет, а ако пиете после оброк, таа ќе ги измие нечистотиите и ќе ви го освежи здивот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *