Top

Емоционално и психичко здравје #02

Меморија и поддршка за вашиот мозок

Експертите прецизираат дека е под наша контрола одржувањето на најмалку 2/3 од здравјето на нашиот мозок.

Познато е дека тоа што го јадете оди во вашиот мозок, па логично е дека би требало да направите избор во исхраната што ќе ја направи работата на вашиот мозок беспрекорна. Медицинските експерти идентификуваа неколку клучни суплементи кои му помагаат на вашето тело да го одржи мозокот млад и здрав колку што е можно повеќе. И конечно, не го избегнувајте вежбањето, бидејќи игра важна улога во сочувувањето на меморијата. Дневно 30 минутно пешачење му помага на мозокот да работи со полн капацитет, дури промовира и раст на нови нервни клетки и ја подобрува меморијата и учењето.

Вистинска храна за вашиот мозок

* Обоена храна – на мозокот му требаат многу антиоксиданси за да се бори со сите слободни радикали кои можат да ги уништат невроните. Јадете темно зелени зеленчуци како спанаќ и брокули, црвена храна како домати и пиперки, темно жолти како тиква, и овошја како боровница и малина. Пигментот од храната ја одредува антиоксидантната моќ, затоа одбирајте ги посилно обоените овошја и зеленчуци.
* Риба – околу 60% од мозокот е всушност масна материја, затоа конзумирање на здрави маснотии е витално за менталното здравје. Маснотиите мора да доаѓаат од извори како лосос или други риби од ладните води, кои обезбедуваат здрави количини на Омега-3 масни киселини, кои го одржуваат мозокот во топ форма.
* Протеини – аминокиселините од протеините обезбедуваат 80% од материјата од која се изградени мозочните невротрансмитери. Консумирање адекватни количини на протеини од риба, домашни птици, соја и сирутка, ќе ве направат да бидете со бистра глава и помалку нерасположени.

Четири суплементи за одлично размислување

1. Омега-3 есенцијални масни киселини- внатрешноста на мозокот и надворешните мембрани на невроните се изградени од Омега-3 масни киселини. Хранејќи го вашиот мозок со Омега-3 масни киселини од храната што ја конзумирате или од суплементи помага да се одржи нивната структура и интегритет.
2. Витамин Б – комплекс – истражувачите откриле дека одржувањето на нивото на хомоцистеин во здрави размери не само што му помага на кардиоваскуларниот систем, туку и во голема мера влијае и на мозочното здравје. Нема подобра комбинација од Б6 , Б12 и Фолна киселина за постигнување на сето тоа.
3. Витамнин Е – со оглед на тоа дека поголемиот дел од мозокот е изграден од масна материја , овој антиоксиданс растворлив во вода прави чуда во поглед на заштита на мозокот.
4. Гинко билоба – високо ефективен во промовирањето на мозочната циркулација, што од своја страна ја подобрува меморијата.

Автор: Д-р Дарко Стојановски


Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>