Top
rsz_93fd7cbf48_93fd7cbf48

Ефикасни начини да се решите од лошиот здив

Голем број на медитерански и јадења од други кујни е тешко да се замислат без незаменливиот вкус на лукот, тој е една од најздравите намирници која ја одликуваат антибактериски, антивирусни и антиоксидативни својства. За да не бидете непријатни за околината заради специфичниот мирис на лукот, испробајте ги следните совети.

Магдонос
Овој зелен зачин ќе го најдете не само во сопствената кујна туку и во ресторан, бидејќи често се користи и за украсување на јадењата. Изџвакајте го веднаш за да можете со помош на моќниот освежувач хлорофил со кој изобилува да го неутрализирате лошиот здив.

Лимонада или кришка лимон
Лимонадата ќе ви помогне да го неутрализирате здивот на лукот, но само доколку во себе содржи вистински сок од лимон. Газираните сокови нема во тоа да ви помогнат, па ако сте во ресторан пијте минерална вода со кришка лимон за да можете да го истискате неговиот сок.

Топол чај
Во отстранување на лошиот здив најмногу помага зелениот чај. Со него ќе го измиете маслото од лукот кое се задржало на јазикот или на забите. Доколку не сте љубител на зелениот чај речиси еднакво делотворен е и оној од нане, а ако ниту тој не ви е по вкус, одлучете се за било кој друг вид на чаен напиток кој нема да е толку делотворен како наведените, но барем малку ќе ви помогне за освежување на усната празнина.

После јадење, нормално измијте ги забите, исчистете ги со забен конец, а устата исплакнете со течност за уста. Дури тогаш можете да бидете сигурни дека од лукот останало само она позитивното кое веќе го снабдува вашето тело, додека единствената негативна нус појава – лошиот здив, е сигурно неутрализирана.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>