Top
bolki_vo_grlo

Домашни лекови за намалување на болката во грлото

Болката во грлото е најиритантниот симптом кој често се јавува како резултат на настинка или грип. Овие домашни лекови можат да ви помогнат да се ослободите од болката во грлото на природен начин.

Мед
Не само што може да ве заслади, туку долго време се зборува за него како за домашен лек, благодарение на антибактериските својства кои го намалуваат воспалението. Покрај тоа, тенок слој од медот останува „залепен“ на грлото, со што се намалува иритацијата во текот на голтањето на храната.

Солена вода
Гаргара со солена вода може да го ублажи отокот во грлото и да ги убие бактериите. Измешајте половина лажичка сол во чаша вода и правете гаргара една до две минути, внимавајќи да не ја голтнете водата.

Чај од камилица
Овој чај не само што може да ви помогне да се смирите и да заспиете, туку веќе е докажано дека има анти-воспалителни својства. Антиоксидансите и другите состојки на овој чај имаат смирувачки ефект ако почнете да го пиете кога ќе ги почувствувате првите симптоми на болка во грлото. Покрај тоа, не содржи многу кофеин, што значи дека можете да го пиете во вечерните часови без никаков проблем. Кога станува збор за воспалено грло, дефинитивно е препорачливо во вашата шолја чај од камилица да додадете малку мед.

Лимон и топла вода
Многу луѓе пијат топла лимонада или мешавина од топла вода и сок од лимон, надевајќи се дека ќе им помогне да изгубат тежина или да ја исчистат кожата. Овој пијалок, всушност, може да ви помогне да ги решите симптомите на настинка и грип. Благодарение на антибактериското и антивирусното дејство на лимонот, како и фактот дека е одличен за имунолошкиот систем, ова цитрусно овошје создава кисела средина во грлото, поради што е тешко да се задржат вирусите и бактериите. Лимонот е исто така богат со витамин Ц, а студиите покажаа дека делува и превентивно против вируси и настинки.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *