Top
banana

Домашен лек против кашлица

Наместо на секое закашлување да му давате на детето или на себе медикаменти, ве советуваме да го пробате овој лек на природна база. Се консумира четири пати дневно и секој ден се приготвува нова смеса. За два до три дена кашлањето ќе престане.

Состојки:
2 зрели банани
400мл вода
2 лажици мед

Излупете ги бананите, испасирајте ги со вилушка или изблендирајте ги. Прелијте ги со зовриена вода и оставете ја смесата да отстои 30 минути, а откако ќе се излади додадете го медот. Смесата прецедете ја низ пластична цедалка. Поделете ја на четири дела и конзумирајте ги во текот на денот.

Бананата е овошје кое е полно со Витамин Ц, Б6 и калиум.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *