Top
zalfija

Домашен сируп против кашлица

Во период на настинки, болките и гребењето на грлото, како и сувата кашлица се проблем со кој се соочуваат многу луѓе. Пред да посегнете по апчиња, направете го овој домашен сируп, кој ќе ве изненади со својата ефикасност.

За подготовка се потребни следниве состојки:
– 10 листови ловор
– 6 листови жалфија
– 200g шеќер
– 200ml вода

Подготовка:
Најпрво, на тивок оган стопете го шеќерот додека не стане карамела. Потоа додадете ја водата мешајте додека не се соединат. На крај, додадете ги ловоровите и листовите жалфија и варете 10 минути. Исцедете го сирупот и чувајте го во стаклено шише.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *