Top
pienje_kafe

Добрата страна на пиењето кафе

Премногу кофеин во организмот може да предизвика несоница, немир и брзо чукање на срце. Но, во повеќето случаи, кафето е всушност добро за здравјето.

За здравје на црниот дроб
Девет студии покажале дека кофеинот го намалува ризикот од цироза на црниот дроб. Една шолја кафе дневно го намалува ризикот за 22%, од две до 43%, од три до 57%, а четири до 65%.

Срцеви болести
Резултат на повеќе од 200 студии за влијанието на кафето врз срцето покажал дека луѓето кои пијат три или четири шолји кафе дневно имаат 19% помал ризик од смрт од кардиоваскуларни болести.

Шеќер во крвта
Една голема студија покажала дека секоја дополнителна шолја кафе дневно била поврзан со 7% помал ризик од развој на дијабетес.

Рак
Една студија покажала дека големите љубители на кафе (оние кои пијат најмалку три шолји дневно) имаат за 18% помал ризик од развој на рак на црниот дроб, усната шуплина, хранопроводот и на простатата.

Депресија
Голема студија на 50.000 жени покажала дека една шолја кафе го намалува ризикот од депресија за 15%.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>