Top

Диета со лубеница

Лубеницата е одлична за слабеење и држење диети бидејќи 90% од неа отпаѓаат на вода. Освен што ќе внесете доволно количество на течности во организмот, истиот ќе го нахраните со витамини и минерали.
Лубеницата не содржи масти, богата е со калиум и витамити A, C и B6. Исто така, во лубеницата се наоѓа големо количество на ликопен за кој истражувањата докажаа дека е најголем антиоксиданс. Таа е природен диуретик.

Диетата со лубеница се држи 5 дена и во зависниост од килограмите и организмот ќе ослабете од 2 до 5кг. Диетата иде вака:

Доручекот секој ден е ист и се состои од: една кришка лубеница, едно парче двопек и една шолја незасладен чај. Во текот на денот препорачливо е да пиете од 10 – 12 чаши вода.

Прв ден:
– ручек: 100гр. телешко месо и 100гр. варен ориз со сос од домати. Една кришка лубеница.
– вечера: 50гр. сирење и една кришка двопек. Лубеница по желба.

Втор ден:
– ручек: парче двопек, 100гр. варено пилешко месо и едно парче лубеница.
– вечера: едно парче риба печена на сол, по едно кришка двопек и лубеница.

Трет ден:
– ручек: шпагети со сирење и сос од домати. Лубеница по желба.
– вечера: шопска салата и една кришка лубеница.

Четврт ден:
– ручек: една чинија зеленчукова (пролетна) супа, едно парче двопек, 50гр. варено пилешко месо и една резанка лубеница.
– вечера: два варени компири со пармезан и лубеница по желба.

Петти ден:
– ручек: 100гр. варено телешко месо со шампињони и лубеница по желба.
– вечера: 50гр. сирење и една кришка двопек. Лубеница по желба.

Со оваа диета ќе ослабете брзо и здраво.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>