Top
race

Дали крцкањето на прстите е опасно?

Артритисот или тресењето на рацете биле најчестити последици кои повозрасните ви ги спомнувале како последица на крцкањето на прстите.

Зглобот е место каде се спојуваат најчесто две коски помеѓу кои се наоѓа дел што ги штити коските. Нив ги поврзуваат ткиво и лигаменти, а во средината се наоѓа зглобна капсула исполнета со синовијална течност. Таа во себе содржи растворени гасови, а причината поради која што сето ова постои меѓу коските е за да се спречи триењето на ‘рскавицата. Со крцкањето на прстите пукаат меурчињата кои се создаваат во синовијалната течност.

Со крцкањето на прстите, доаѓа до ширење на зглобната капсула и доаѓа до создавање на меурчиња во синовијалната течност (т.н процес на кавитација). Звукот на крцкањето доаѓа од пукањето на тие меурчиња.

Не постојат научни докази дека крцкањето на прстите е опасно, но вие сепак треба да ги оставите зглобовите на мира.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *