Top
kafe-chaj

Чај или кафе?

Чајот го забавува стареењето, спречува кариес и го регулира нивото на холестерол во организмот. Кафето го потпомага варењето на храната, обезбедува енергија и е одличен лек против главоболка. Чај или кафе? За што ќе се одлучите вие?



За многумина чајот и кафето претставуваат само обични напитоци кои ќе помогнат за расонување односно за освежување. Не дека не е точно, меѓутоа, чајот и кафето се многу повеќе од тоа – тие се вистински рудник на состојки кои благотворно делуваат на здравјето.
Клучното прашање е: на кој од овие напитоци да му се даде предност?

- ЧАЈОТ Е ИЗВОР НА АНТИОКСИДАНСИ
Чајот е одличен антиоксиданс, всушност тоа е и неговиот најголем адут. Богат е со биофлавоноид – состојка која го ублажува дејството на слободните радикали.
Но, внимавајте. Овие соединенија мора да се ослободат од шеќерите кои ги содржат за организмот да ги апсорбира во целост. Оваа задача ја имаат ензимите во цревата и затоа непходно е да се одржи нивната ефикасност. Но, како? Со внесување на поголемо количество млеко и млечни производи, сугерира италијанскиот биохемичар Бенвенито.

- И КАФЕТО ГИ УБИВА СЛОБОДНИТЕ РАДИКАЛИ
Состојките кои ги убиваат слободните радикали најмногу ги има во црното кафе. Оваа вредност на кафето ја откриле научниците од Центарот за испитување на исхраната и метаболизам при Белградскиот Универзитет.

- ШТО Е ПОДОБРО ЗА ЦИРКУЛАЦИЈА?
Редовното консумирање чај (од 2 до 4 пати на ден) ја подобрува функцијата на крвните садови. Објаснувањето се крие во антиоксидансите кои го спречуваат стегањето на крвните садови.

- ТАНИН
Најновите истражувања покажуваат дека танинот кој го има во чаевите ги штити забите од кариес бидејќи истиот има антибактериолошко дејство. Освен тоа, чајот е богат со полифеноли кои спречуваат таложење забни наслаги и делуваат на сличен начин како флуорот.

- ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА
За варење на храната добри се и кафето и чајот. Кафето поттикнува лачење желудечен сок и ја забрзува работата на цревата. Но, во случај да имате гастроинтестинални тегоби избегнувајте пиење кафе.
Чајот не содржи масти и белковини поради што му годи на желудникот. Доколку додадете лимонов сок ќе добиете одличен дигестив.
Докторите препорачуваат чаша млак чај после секој оброк за мирен стомак.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>