Top
crveno_vino

Дополнителни причини да се напиете чашка црвено вино

Доколку сте љубители на црвенотo вино и истото сакате да го консумирате со ручекот или вечерата, треба да знаете и неколку причини поради кои се препорачува секојдневно негово консумирање во умерени количини (една чаша дневно).

  • Го намалува холестеролот
    Црвеното вино содржи флавоноиди, кои дејствуваат како антиоксиданси и го намалуваат нивото на ЛДЛ – лошиот холестерол.
  • Го штити срцето и крвните садови
    Антиоксидансите во црвеното вино, кои се нарекуваат полифеноли, помагаат во заштита на крвните садови, а со тоа го заштитуваат и срцето. Тие, крвните садови ги прават флексибилни и спречуваат згрутчување на крвта.
  • Го контролира нивото на шеќер во крвта
    Лушпата на црвеното грозје е заслужна за намалување на нивото на шеќер во крвта. Освен тоа, таа е богата со ресвератрол, кој го регулира шеќерот во крвта, што е особено важно за дијабетичарите.
  • Го подобрува памтењето
    Освен што го намалува крвниот притисок и го регулира нивото на шеќер, ресвератролот го подобрува памтењето. Виното ја подобрува циркулацијата, што го снабдува мозокот со доволно крв.
  • Помага во слабеењето
    Црвеното вино содржи пицеатанол, состојка која го забрзува варењето на храната. Освен тоа, оваа состојка го забавува растот на масните клетки во организмот.



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *