Top
caj

Чај против стрес

Кога организмот е под стрес, количината на желудочната киселина која го помага варењето на храната се намалува, па поради тоа се нарушува целиот систем на варење на храната. Кога сте под стрес треба да го пробате овој чај, од лимон и ѓумбир.

Ѓумбирот изобилува со антиоксиданси кои помагаат во отстранување на штетните хемикалии кои ги произведува телото во моменти на вознемиреност. Тоа значи дека ѓумбирот помага и за намалување на психолошкиот стрес.

Овој чај е одличен начин да го подобрите варењето на храната и истиот се подготвува многуи едноставно. Коренот од ѓумбир се лупи и се ренда. Потоа се попарува со половина литар жешка вода и се остава да отстои околу 15 минути. Откако ќе отстои се процедува и се додаваат парчиња лимон.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>