Top

Бразилскиот орев е вистински рудник на селен

Витамините А, Б, Ц, Д, Е, К, железо, калциум, цинк, магнезиум и други минерали или олигоелементи како што е антиоксидансниот селен се неопходни за човечковиот организам. Селенот игра клучна улога во зајакнувањето на одбранбениот систем, борбата против стареењето, како и спречувањето на кардиоваскуларните заболувања и појавата на малигнитети, особено рак на простата и дебелото црево. Исто така е неопходно за нормално функционирање на тироидната жлезда и овозможува асимилација на витамини Ц и Е.

За жал, човечкото тело не е во состојба да го произведе овој корисен олигоелемент, затоа треба да се подобри внесот на храна што го содржи истиот. На организмот му требаат 55mg селен на ден, a најмногу го има во риби и морски плодови, во храна богата со протеини и спанаќ, печурки и лук. Бразилскиот орев е вистински рудник на овој минерал, само еден плод ја содржи потребната дневна доза.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *