Top
8-vistini-za-dietite-iLike-mk

Осум вистини за диетите кои ќе ви предочат каде грешите

Диетите се едни од најчестите теми за разговор, особено во овој дел од годината. За нив зборуваат сите, и послабите и оние кои имаат вишок килограми. И едните и другите прават грешки посегнувајќи кон некои намирници, со тоа што некои се штетни за нашето тело, но се добри за душата.

Па затоа, Британските истражувачи ги анализирале прехранбените навики и утврдиле осум вистини за диетите:

1. Во индустријата на различните редукциски диети во идните години ќе се потрошат 1,9 милијарди фунти (книги, препарати, достава на храна во домот, полици во супермаркетите и сл.);

2. Сериозните научни истражувања покажуваат дека повеќето од нив, поточно две третини од тие кои држат диети, по почетното губење на крај добиваат уште повеќе килограми. Што значи дека диетите во повеќето случаи дебелеат;

3. Кога ќе се одлучиме за диета, главно не го менуваме својот однос кон храната, па постои голема веројатност да развиеме негативна опседнатост со храната;

4. Не е непријатен само здивот од устата кој е последица на редукциските диети, проблем е нивната опасност за здравјето бидејќи организмот не добива потребни хранливи материи за здраво функционирање;

5. За многу диети се трошат неразумно многу пари;

6. Диетите често се козметика бидејќи не ги отстрануваат причините за неправилната исхрана и дебелината;

7. Информации за исхрана не можеме да најдеме на интернет. Вистинските извори се во биолошките науки кои го објаснуваат физиолошкото делување на организмот во здравје и болест, а врз основа на тие сознанија можеме да ги процениме и информациите на интернет;

8. Вашата исхрана е добра кога конзумирате намирници од кои тежината не ви варира, здравјето ви е добро и доволно сте активни на сите подрачја од животот. Важно е и да сте задоволни со својата тежина.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>