После напорниот работен ден, си доаѓате дома целосно исцрпени, а на вас чекаат уште еден куп обврски. Нутриционистите предупредуваат да не јадете и пиете сè што ќе ви дојде при рака, бидејќи со тоа може само да ја намалите вашата енергија.
Овие 5 пијалoци ќе ве смират и ќе ви дадат сила за да го поминете остатокот од денот:
Млеко
Млекото содржи триптофан кој во метаболизмот гради сератонин и на тој начин дава чувство на задоволство и ментална опуштеност.
Млекото е богато со калциум, магнезиум и калиум, кои придонесуваат за намалување на крвниот притисок.
Какао
Топлите пијалаци ја зголемуваат телесната температира и создаваат чувство на пријатност. Важно е да користите вистинско какао, а не мешавина со многу шеќери.
Црн чај
Истражувањата покажуваат дека четири шолји црн чај на ден, во период од 6 недели, го намалува нивото на кортизол. Кортизолот е хормон кој се лачи за време на стресот и предизвикува психички и физички тегоби.
Зелен чај
Зелениот чај изобилува со беанин кој ги подобрува концентрацијата и способноста за учење, ги смирува нервите и напнатоста, го намалува крвниот притисок и ги ублажува симптомите на ПМС.
Ладна вода
Чаша ладна вода поволно делува на крвниот систем и стимулира лачење на ендорфин кој предизвикува чувство на среќа, спокој и задоволство. Совршена комбинација за релаксирање е чаша ладна вода и кратка прошетка на свеж воздух.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!