Top
masni-naslagi-iLike-mk

5 факти кои мора да ги знаете доколку сакате да ослабете

Доколку сакате да изгубите некој килограм, не мора да се откажувате од вкусна храна, зачинети салати и сладок појадок. Напротив, маснотиите кои се наоѓаат во намирниците се ваш најдобар сојузник кај слабеењето, но само ако јадете паметно.

Исфрлањето на мастите од храната не помага при слабеењето
Многу диети кои речиси целосно исфрлаат кој било вид на маснотии од исхраната не се добри за вашето тело.
Посебно на мускулите им се потребни масти за да ја зачуваат потребната енергија. Токму поради тоа таа неоправдано избегнувана прехранбена состојка мора да се најде во вашите чинии. Притоа, мора да знаете дека не е важна количината на внесот на мастите, туку видот.

Видови масти кои не треба да ги јадете
И додека заситените масти се основен дел од здравата и контролирана исхрана која помага кај слабеењето, постојат и нездрави масти кои треба да се избегнуваат. Се работи за транс или заситени масти кои немаат речиси никаква нутритивна вредност. Тие го зголемуваат нивото на холестеролот и го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Избегнувајте конзумација на маргарин и сончогледово масло.

Видови масти кои мора да ги јадете
Добри масти се кријат во многу намирници кои треба да се конзумираат на дневна база. Токму такви масти се најзастапени во јаткастите плодови, како: ореви, бадеми, лешници и индиски ореви. Ако сакате да ослабете, не мора да гладувате, туку сојузникот побарајте го во природата.

Постојат многу полоши работи од мастите
Иако маснотијата се поврзува со дебелината, постојат намирници кои се многу полоши за вашето тело и притоа немаат речиси никакви нутритивни својства. На прво место е шеќерот кој се наоѓа во речиси сите преработени производи.

Масни намирници кои го убиваат гладот и помагаат при слабеење
Во оваа категорија спаѓаат: маслиновото масло, бучино масло, јаткасти плодови, риби, житарици, путер од кикирики или бадеми.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *