Top
Jagodi-iLike-mk

10 добри причини зошто да јадете јагоди

Освен што се вкусни, јагодите изобилуваат со голем број здравствени вредности. Па, во пресрет на сезоната на јагоди, прочитајте ги благодетите од нив:

1. Го зајакнуваат имунитетот и богати се со витамин Ц, кој штити од инфекции.

2. Ги спречуваат срцевите заболувања така што се богати со флавоноиди и антиоксиданси кои се борат против лошиот холестерол.

3. Богати се со влакна, заради кои лесно го регулираат нивото на шеќер во крвта.

4. Имаа ниска калорична вредност, па многу лесно ја намалуваат телесната тежина, а ве одржуваат сити.

5. Големото присуство на фолна киселина помага во развојот на бебето и ги спречува проблемите при породувањето, што значи препорачливи се за сите трудници.

6. Одлични се за зајакнување на коските заради магнезиумот, калиумот и минералите кои ги содржат.

7. Фолната киселина, витаминот B5 и B6 го спречуваат губењето на косата.

8. Две до три порции јагоди неделно го одложуваат стареењето на мозокот и го подобруваат памтењето.

9. Имаат антивоспалително дејство и ја ублажуваат болката во телото.

10. Полни се со антиканцерогени материи.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *