Top

Женското тело после породувањето

После породувањето настануваат бројни промени во телото на жената. Токму оваа тема била повод на дискусии, причина за загриженост и обид да се избегнат негативните последици. Стрии, поголем број на килограми и акни се само дел од непосакуваните промени за кои е потребно малку трпение. Хроничниот недостаток на сон носи голем број на несакани ефекти кои не се пожелни за мајките. Речиси секоја мајка се справува со замор, исцрпеност и вознемиреност.

ПОСЛЕ ПОРАЃАЊЕТО ТЕЛОТО Е ПОЛЕСНО ЗА 4-5 КИЛОГРАМИ
Просечната тежина на бебињата се движи помеѓу 3 и 3,5 килограми. Освен тоа се губи и речиси килограм преку изгубената крв и амнионска течност. Враќањето на старата тежина по породувањето е проблем со кој се соочуваат многу жени, посебно бидејќи сакаат тоа да се случи во најкус можен рок. Токму затоа, експертите советуваат да му се овозможи на телото кое се менувало и зголемувало речиси 10 месеци, исто толку време да се врати во првобитната состојба.

НАГЛО ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА
Проблемот со опаѓање на косата е речиси неизбежно за околу 50% од жените и се јавува во првите шест месеци после породувањето. Причината за ова лежи во хормоните кои во текот на бременоста го успоруваат опаѓањето на косата. После породувањето хормоните се враќаат во нормала, и тогаш се враќа нормалниот циклус на раст и опаѓање. За да се минимизира ова опаѓање на косата се препорачува исхрана богата со железо, протеини, цинк и антиоксиданси кои се клучни за здрава кожа и коса.

ВИДЛИВИ СТРИИ ПО ТЕЛОТО
Стриите се појавуваат кај 90% од жените, како резултат на нагло зголемување на тежината, кога телото се шири побрзо од кожата. Нивото на хормонот глукокортикоид се зголемува во текот на бременоста, а тоа го забавува производството на колаген и еластични влакна во слоевите на кожата. Ако реагирате на време, ќе се намали видливоста на стриите. Избегнувајте слатки, грицки и храна која содржи скроб бидејќи тоа предизвикува надуеност која резултира со зголемување на тежината. Витаминот Ц е важен за производството на колаген.

КОЖАТА СЕ ВЛОШУВА
Кожата после породувањето покажува зголемена тенденција кон акни и мозолчиња, за разлика од сјајниот тен во текот на бременоста. Протокот на крв во телото во текот на бременоста се зголемува за 50%, што се манифестира на лицето каде што крвните садови се проширени и му даваат поголем волумен. За проблемите со кожата се препорачува употреба на ретиноиди или ОТЦ ретинол кој на кожата брзо ќе го врати изгубениот сјај. Се препорачува и избегнување мрсна и сува храна, а поголемо консумирање свежо овошје и зеленчук и јаткасти плодови.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *