Top
Ubava_i_mladeshka_kozha_iLike_mk

5 здрави навики за помлад изглед

Помлад и поубав изглед е сон на секоја жена што ги надминува 30-тите години. По 30-тата, кожата почнува да покажува знаци на стареење. Брчки, линии под очите, темна и лабава кожа се неколку вообичаени симптоми на стареење. Може да се обидете да се борите против стареење со користење на скапи креми или со одење на масажа. Сепак, постојат неколку здрави навики кои можат да придонесат за подобра и помлада кожа.

За да изгледате помлади, треба да водите здрав начин на живот. Погледнете кои навики можат да ве направат да изгледате помлади:

Здрава исхрана за беспрекорна кожа
Постојат многу намирници кои може да ви помогнат да добиете свежа и беспрекорна кожа. Можете исто така да се одлучите за исхрана за детоксификација на кожата, така што ќе ги отстраните токсините од телото, а со тоа ќе се борите и против стареењето. Намирници кои се богати со витамини А, Ц, Е и Б12 се навистина добри за вашата кожа. Аспарагус, јајца, кељ, магдонос, спанаќ, брокула, зелка и морков се само некои од намирниците кои можат да ја исчистат вашата кожа.

Исклучите некои намирници
Престанете со внесувате мрсна храна која предизвикува зголемување на телесната тежина, но и која влијае на убавината на вашата кожа. Тоа би значело намалување на хамбургери, пица, помфрит и јадете здрава храна која е со ниско ниво на калории и е богата со витамини, како лосос, боровинки, ленено семе и зелен зеленчук.

Спиење
Во ова брзо и напорно темпо на живот, ние немаме доволно време за спиење. Ако сакате да изгледате помлади, ќе мора да почнете да ја практикувате оваа здрава навика. Треба повеќе да спиете бидејќи сонот помага кожата да биде здрава и убава. Идеално, би требало да спиете најмалку 8 часови. Дколку се соочувате со повеќе стрес, треба да спиете 9 до 10 часа на ден.

Креми за заштита од сонце
Штетните ултра-виолетови зраци можат да ја оштетат вашата кожа. За да изгледате помлади, обидете се редовно да користите очила за сонце. Дерматолозите препорачуваат СПФ 15 (или повеќе) секој ден, па дури и во зима. За најдобри резултати, користите крема за сончање на вратот и на ушите, но и на секој дел од кожата кој е изложен на сонце.

Вода
За да изгледате помлади и да имате здраво тело треба да пиете многу вода. Тоа е навистина здрава навика која ја практикуваат сите познати личности. Со вода се исфрлаат сите токсини од телото, се прочистува кожата со што таа изгледа помлада и светла.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>