Top
nega_na_usni

Трикови за совршени усни

Кожата на усните лесно се суши, а тоа е особено изразено во зимскиот период, па потребно е да ѝ посветите повеќе внимание. За да го намалите или исклучите овој проблем и да постигнете совршен и негуван изглед, ви презентираме неколку корисни совети.

• На усните нанесувајте исклучиво природни балсами
• Пред нанесувањето кармин, нанесете лосион на база на природно масло или балсам за усни
• Извадете вреќичка црн чај од потопената топла вода и ставете ја на усните. Тоа ќе ја подобри нивната природна хидратација
• Пред да отидете на спиење, секогаш отстранувајте го карминот со природно масло

Заздравување на испуканите усни

• Заштитете ги усните со природен балсам од ветар, сонце и студенило
• Зголемете го внесот на витамин Е, Ц и Б комплекс за да го зајакнете имунитетот
• Користете поблага паста за заби
• Балсамот за усни не треба да содржи алкохол
• Усните постојано нека ви бидат хидрирани




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *