Top
Shminka-zadevojki-so-ochila-iLike-mk

Трикови за совршена шминка за девојки кои носат диоптерски очила

Носењето очила бара посебен начин на шминкање, особено доколку носите масивни рамки кои очите ги ставаат во втор план. Следете ги овие неколку златни правила и рамките ќе бидат додаток за привлекување машки погледи.

Истакнете ги веѓите
Големите очила, кои моментално се во тренд, често ги покриваат веѓите. За да ги истакнете, пополнете ги со моливче и исчешлајте ги нагоре.

Матирајте го тенот
Спречете очилата неконтролирано да ви се лизгаат по носот така што после изедначувањето на тенот со течна пудра на Т-зоната ќе нанесете малку пудра во прав.

Сокријте ги подочниците
Темните подочници стануваат уште повидливи кога носите очила. Коректор со рефлектирачки честички кои ја прекршуваат светлината многу лесно го „бришат“ овој проблем.

Нагласете ги трепките
Свиткајте ги трепките да не го допираат стаклото од очилата. После тоа нанесте неколку слоја црна маскара за уште повеќе да го „отворите“ погледот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *