Top

5 трикови за младешки изглед

Процесот на стареење е неизбежен, но сепак, последиците можат многу да се ублажат. Секојдневната физичка активност и здрав начин на исхрана се најдобрата формула за здраво тело, а едновремено и најзначаен предуслов за младешки изглед во подоцнежните години.

1. ЧИСТЕЊЕ ЛИЦЕ
Пред да легнете да спиете задолжително отстранете ја шминката. Потоа, добро измијте го лицето со млака вода, тонизирајте го и на крај нанесете крема за лице која најмногу одговара на вашиот тип кожа.

2. СОН
Недостатокот на сон многу лесно се одразува на кожата. Затоа трудете се секој ден да легнувате во кревет во исто време, но тоа да не биде после 23 часот. Настојувајте да спиете по 7-8 часа на ден.

3. ВЕЖБИ
Настојувајте да бидете физички активни во текот на денот. Активниот начин на живот има благотворно дејство на здравјето и на изгледот, а и на расположението.

4. ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД ПУШЕЊЕ
Многуте истражувања покажаа дека пушењето го забрзува процесот на стареење. Освен тоа, пушењето го интензивира појавувањето на брчки, подочници, а негативно влијае и на косата и кожата.

5. НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ СО БЛАГО
Намалете го консумирањето на шеќери и сол. Пијте по една чаша обична вода секој саат. Зелениот чај е богат со антиоксиданси и позитивно влијае врз кожата. Јадете овошје и зеленчук.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>