Top
Petici-iLike-mk-F

Топла вода и сода бикарбона за совршено меки пети

Тврдите, суви и испукани пети доведуваат до многу непријатни моменти. Но, обичната сода бикарбона која има антисептичко дејство, ја омекнува водата и благотворно делува на кожата на петите. Таа е ефтино и мошне ефикасно средство за пилинг на огрубената кожа. Со нејзина помош може да се дојде до ефект на мазни и нежни стапала, без посета на салони за убавина.

За да ја омекнете огрубената кожа на петите и го вратите убавиот изглед на своите стапала, може да ви помогне овој едноставен рецепт.
Во 5 литри топла вода ставете 3 големи лажици сода бикарбона, а потоа ставете ги нозете и држете ги 15-20 минути. После тоа, истријте ги стапалата со камен за пети и намачкајте ги со хранлива крема или вазелин. Облечете памучни чорапи и преспијте.

Веднаш после првиот ден ќе почувствувате подобрвање. Овој третман, треба да се направи 7 дена. Потоа правите пауза од 7 дена, па ја повторувате постапката. треба да направите вкупно 3 третмани.
Тие ќе придонесат за мазен и нежен изглед на вашите стапала.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *