Top
depilacija

Што треба да знаете пред секоја депилација?

Депилацијата со восок е една од најпопуларните техники на отстранување на несаканите влакна. Но, овој козметички третман може да има негативни нуспојави доколку не се прави како што треба. Ако сакате да бидете сигурни дека вашата депилација ќе помине во најдобар ред, треба да водите сметка за следниве нешта.

Распрашајте се за козметичкиот салон во кој одите
Усната препорака е најдобра реклама. Ако планирате да одите во некој нов салон за убавина, распрашајте ги своите пријатели, слушнете за нивните искуства и потоа одлучете каде ќе одите. Козметичките салони дневно се посетувани од голем број жени што ја зголемува опасноста од инфекции. Хигиената во нив треба да биде на високо ниво.

Негувајте ја кожата пред депилација
Пилинг или крема која ја суши кожата треба да се избегнува пред секоја депилација. Таквите препарати и третмани ја иритираат кожата која со восокот дополнително ќе се надразни. Недела дена пред депилација негувајте ја кожата со соодветни креми.

Избегнувајте депилација за време на месечниот циклус
Една недела пред и за време на месечниот циклус избегнувајте депилација. Во тој период жените се најчувствителни на допир, а тоа значи дека особено е чувствителна кожата. Идеално време за депилација се првите две недели после завршување на циклусот.

Сами поместете ја границата на болка
Пред депилација кожата истријте ја со коцка лед, која малку ќе ја отрпне кожата. Исто така, половина час пред депилација можете да се напиете таблета против менструални болки. После депилација кожата повторно истријте ја со лед и намачкајте ја со лосион од алое вера.

Избегнувајте вежбање после депилација
Потењето ја зголемува опасноста за ширење на бактерии кои причинуваат инфекции. Кожата од депилација станува иритирана и чувствителна, па затоа избегнувајте веднаш после тоа да носите тесни тренерки или фармерки бидејќи од нив кожата не може да дише и се зголемува опасноста од воспаление.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *