Top
leto

Што треба да направите пред лето?

Веќе е неопходно да почнете да се подготвувате за да изгледате убаво ова лето. Затоа погледнете едноставни начини како да го постигнете тоа.

Подгответе ги стапалата
Секогаш можете да посетите педикир, топлата вода и солта или сода бикарбоната и турпијата за пети ќе направат да не се забележува дека претходните месеци сте носеле затворени обувки. Нема погрдо нешто од испукани пети и неуредни нокти, а толку малку време е потребно за сето тоа да се реши.

Средете ги ноктите
Ноктите на рацете се изложени на надворешно влијание без разлика за кое годишно време станува збор. Пред да изберете интересен летен лак за нокти, направете домашен пилинг на рацете со мед и жолт шеќер. За заноктиците помага и сода бикарбоната, а сигурно веќе имате и крема која ќе ги хидрира рацете.

Програма за одмор на кожата
Би било добро да ѝ дадете на вашата кожа една „слободна“ недела. Односно, оставете ги настрана сите производи за нега, но и шминката, а користете само кокосово масло. Резултатот ќе биде сјајна кожа, па потоа слободно вратете се на вашата стара рутина.

Не заборавајте на грбот и надлактиците
Доколку вашата кожа на грбот, рамената и надлактиците не е баш најубава, послужете се со следниот трик: нанесете со памучна крпа павлака на тие делови и оставете да отстои 10 минути. Потоа истуширајте се и намачкајте се со лосион за хидратација на кожата. Киселината од павлаката ќе ѝ помогне на вашата кожа повторно да изгледа како претходно.

Подгответе се на време, но негувајте се и во текот на летото, а вашата кожа ќе ви биде и повеќе од благодарна.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>