Top
Трикови за совршено шминкање на очите

Трикови за совршено шминкање на очите

Секоја жена посакува да изгледа перфектно и свежо, па дури и при физичка исцрпеност. Следниве неколку трикови ќе ви помогнат да изгледате совршено.

  • Сокријте го заморот
    Внатрешниот дел од лакот на веѓите над окото исенчајте го со молив со бојата на кожата. Овој трик ќе придонесе лицето да изгледа посвежо, ќе создаде илузија на подолги веѓи, а истовремено умешно ќе ги сокрие изморените и темни капаци.
  • Моливот не смее да биде остар
    Линијата околу капакот повлечете ја со тенка четкичка, а потоа преку таа линија поминете со сенка што одговара на вашиот тен, со цел да обезбедите посвеж изглед. Доколку сакате моливот на очите да трае подолго, пред шминкањето четкичката за сенка натопете ја во капки за очи.
  • Илузија на покрупни очи
    Ставете го стегачот за трепки на коренот од трепките и потоа полека поминувајте со него сè до самите врвови, со лесно стегање и опуштање.
  • Трик со маскарите
    Ги сакате водоотпорните маскари, но го мразите макотрпниот процес на нивното отстранување? И за тоа постои трик. Прво нанесете обична маскара, а потоа уште еден слој од водоотпорната. Така водоотпорната маскара ќе биде на слојот на обичната маскара, а не директно на трепките. На овој начин многу полесно ќе ја отстраните кога ќе посакате.
  • Трик за посвеж изглед
    Ако сакате да изгледате одморено користете молив во боја на вашата кожа. Во овој случај, наместо под долниот раб на веѓите, нанесете го на долниот капак оставајќи трага помеѓу трепките и внатрешниот капак на окото. Овој трик им дава свежина на вашите очи.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>