Top
kosa_iLike_mk

Совети за сјајни и убави кадрици

Кадравата коса е секогаш во мода. Доколку имате поретка коса, кадриците се совршено решение за екстра волумен. Меѓутоа, кадриците ќе бидат атрактивни само ако и обезбедите соодветна грижа на вашата коса.

Во продолжение неколку корисни совети за убави кадрици по кои би се завртел секој маж.



ШАМПОНИРАЊЕ ПОД ТУШ
Туширањето е најдобар начин да ги измиете Вашите кадрици. Мијте ја косата со главата надолу, потоа исправете ја вашата глава и дозволете водата слободно да помине низ косата додека стоите исправени.

НАПРАВЕТЕ ДОПОЛНИТЕЛНА ХИДРАТАЦИЈА
Многу е важно кадриците да ги одржувате хидрирани. Избегнувајте користење на премногу масло. Редовно користете регенератор за коса. Само добро хидрирана коса останува мека и сјајна подолг период.

СООДВЕТНО УРЕДУВАЊЕ
Кога вашата коса е влажна после туширање, само нежно стиснете ја со рацете со цел да излезе вишокот на вода од неа. Започнете со процесот на уредување на косата додека таа е влажна. Тоа ќе ви помогне косата да ја задржи потребната влага, а кадриците да бидат убави и долготрајни.

БЛАГОДЕТИТЕ НА ЈАБОЛКОВИОТ ОЦЕТ
Оцетот ќе ги затвори кутикулите и ќе обезбеди дополнителна нежност на вашите кадрици. Додадете една лажица јаболков оцет во чаша со млака вода и со добиената течност прелијте ја косата после шампонирањето. Потоа, без испирање нанесете регенератор.

ПРОЦЕС НА СУШЕЊЕ
Оставете косата да се исуши по природен пат. Доколку немате доволно време, користете фен за коса на најниска температура, на оддалеченост од најмалку 15 сантиметри од коренот на косата. Постојаната изложеност на високи температури сигурно ќе ја направи косата кревка, а вашите кадрици груби.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>