Top
Совети за поубав сон, поубав изглед и поголем елан

Совети за поубав сон, подобар изглед и поголем елан

Дали наутро кога ќе станете и ќе се погледнете во огледало сте задоволни со сопствениот изглед? Многупати не. Еве неколку совети со кои ќе го корегирате тоа.

УБАВ СОН
Многумина веруваат во концептот „beauty sleep“, што е фина работа. Ако не сакате вашите очи да бидат потечени, потрудете се секоја вечер да одите во кревет на време.

ОРАЛНА НЕГА
Четкајте ги забите секоја вечер пред да одите на спиење. Со вечерното четкање на забите ги избегнувате сите орални инфекции.

НЕГА ЗА СТАПАЛАТА
Еден од начините да се разбудите убави и да се чувствувате убаво е да обратите внимание на вашите изморени стапала. Натопете ги нозете во топла вода и сол. Ова ќе ви помогне да се чувствувате опуштено, а и ќе ја отстрани сувата кожа од вашите нозе.

НЕГА НА КОСАТА
Првото гледање во огледало може да биде навистина застрашувачко. Еден од начините да се разбудите убави е да се грижите за вашата коса. Пред спиење, добро расчешлајте ја косата и нанесете малку серум. Тоа ќе ви помогне.

ПОЗИ НА СПИЕЊЕ
Експертите велат дека доколку спиете на стомак имате повеќе шанси да добиете брчки. Поради тоа, спијте на грб или на страна.

ПОВЕЌЕ ПЕРНИЦИ
Ако спиете на две перници, ќе имате добра циркулација на крв во пределот на лицето. Што ќе резултира со убава кожа и помалку брчки.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ШМИНКАТА
Еден од основните совети за убавина на жените е редовно отстранување на шминката од лицето. Отстранувањето на шминката и доброто миење на лицето со млака вода ќе ви даде свеж изглед.

ХИДРАТАЦИЈА
Вашата кожа копнее по природни креми. Примена на билни и природни маски за лице пред спиење е еден од козметичките совети кои треба да го следите ако сакате да се разбудите убави. Најдобри се овошните маски за лице.

ПИЛИНГ
Мртвите клетки на кожата прават да изгледате изморено и постаро. За да се ослободите од тоа, треба да направите пилинг на кожата пред да одите на спиење, а истата постапка треба да ја повторите и наутро кога ќе се разбудите. Користете маски на природна база.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *