Top
Hair Cutting

Совети за нега на коса во зима

Температурите околу и под нулата, ветерот и сувиот воздух ѝ штетат на вашата коса. Токму затоа во зимскиот период ѝ е потребна дополнителна нега на косата.

Не ја мијте косата секој ден
Честото миење ја отстранува природната маснотија на кожата од главата и предизвикува нејзино сушење. За миење на косата во зима користете поблаг шампон, а тоа правете го најмногу два пати неделно. Можете да користите пудра или шампон за суво миење кои ќе ја отстранат вишокот маснотија на косата.

Користете регенератор
Во студените денови најчест проблем е сувата и наелектризирана коса. Сувата коса лесно пука, а за да спречите електрицитет користете регенератор при секое миење.

Никогаш не излегувајте со мокра коса
Мократа коса пука, и затоа во зима не излегувајте со мокра коса. Најдобро е да ја измиете ден претходно и да ја оставите природно да се суши.

Не ја мијте косата со топла вода
Топлата вода ја оштетува и суши косата, а по миењето со млака вода исплакнете ја уште еднаш со студена вода.

Не користете фен за коса
Топлиот воздух ја оштетува косата. Во зима помалку користете фен, а пред фенирање на косата нанесете регенератор кој не се мие или средство за заштита од топлина.

Носете капа
Кога излегувате надвор најдобро е да носите капа. И на овој начин ја заштитувате косата од ладното влијание.

Редовно пострижување
Во зимските месеци најдобро е да ја скратите косата во фризура која лесно се одржува. Во зима се препорачува редовно потстрижување поради честото пукање на косата.

Мијте ја косата во обратен редослед
Нанесете половина лажиче од омиленото масло. Можете да користите јојоба, маслиново или бадемово масло. Потоа нанесете регенератор и оставете да делува. На крај измијте ја косата со многу малку шампон.

Авокадо
Авокадото содржи масло и витамини и затоа е совршено за негата на косата. Изгмечете авокадо и измешајте го со мед и лажичка маслиново масло. Нанесете го на мокра коса и оставете да делува 30 минути. Потоа измијте го со многу малку шампон.

Маслиново масло
Убаво е да ја третирате косата со маслиново масло. Нанесете масло на мокра коса и оставете да делува 20 минути. Измијте ја косата со ладна вода, а ако сеуште е масна измијте ја со малку шампон.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>