Top
Лимон

Со лимон до убава кожа

Лимонот ги избелува флеките на кожата, ги смирува воспалителните процеси, ги затвора порите и ја чисти кожата. Ви претставуваме неколку брзи и мошне ефтини рецепти за нега со лимон.

Пилинг за лакти и пети
Ставете во фрижидер две половинки од исцеден лимон. Штом добро се изладат, ставете по една лажичка шеќер во двете. Потоа, протријте ги лактите и петите. Ова практикувајте го барем еднаш неделно и тие ќе станат бели и нежни. После пилингот втријте хранлива крема.

Маска за сува кожа
Изматете една жолчка со лажичка маслиново масло и додете лажичка лимонов сок. Смесата намачкајте ја на чиста кожа. Држете околу половина час, а потоа масирајте го лицето со кружни движења десетина минути, додека не почувствувате топлина на кожата. Измијте се со млака вода и ставете хидрантна или хранлива крема зависно од типот на кожата.

Маска за масна кожа
Измешајте сина глина со сок од половина лимон и половина портокал. Матете со дрвена лажица. Намачкајте се веднаш за маската да не се стегне и подобро да делува. По половина час, маската измијте ја со млака вода. Не нанесувајте крема.

Против проширени пори
Кожата со проширени пори обично е масна, па и шминката на неа се разлева. Лимоновиот сок е одличен за тоа. Чистата кожа истријте ја со газа натопена во вода, а потоа во чист лимонов сок. Грубата структура на газата подобро ја чисти кожата од вата. Ова е одлична подлога за шминка за масната кожа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>