Top

Здрава исхрана за бујна коса

Некои жени имаат природни предиспозиции за густа и сјајна коса, но повеќето се во вечна борба со оштетената, испукана, сува и проретчена коса.



Скапите производи обично не секогаш ги исполнуваат своите ветувања, па затоа подобро би било да се посветите на здрава исхрана. Со здрави навики во исхраната вашата коса ќе биде сјајна, бујна и блескава. Драстични промени не се потребни, до сите здрави намирници можете релативно лесно да стигнете.

Внесувајте храна богата со омега-3 масни киселини, како на пример сардина, лосос и ореви. Исто така, витамините А и Ц кои може да се најде во морковите, брокулата, спанаќот и јагодите се од суштинско значење за влакното. Во вашата исхрана треба да вклучите индиски ореви и бадеми, односно храна богата со цинк.
За здравје на косата важни се и протеините. Нив ги има во пилешкото месо, млечните производи со низок процент на масти и јајцата. И на крај, не треба да ја игнорираме вредноста на витаминот Б12, па затоа практикувајте да конзумирате белка од јајце, јогурт, грав и риба.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>