Top
Senzualni-usni-podgotveni-za-baknezh-iLike-mk

Сензуални усни подготвени за бакнеж

Се прашувате како Вашите усни да изгледаат беспрекорно во секој момент? Во продолжение неколку трикови кои ќе Ви помогнат Вашите усни да не останат незабележани од страна на спротивниот пол.

Девојките кои имаат тенки усни визуелно можат тоа да го променат. Се работи за подлогата на која се нанесува пред да се нанесе финалниот слој т.е. карминот. Врз нежната површина карминот ќе се задржи подолго време на Вашите усни.

1. Направете пилинг на усните со помош на мека четкичка за заби и малку вазелин. Потоа, нанесете го вазелинот на четкичката и со кружни движења поминувајте врз усните.

2. Нагласете ги краевите на усните со молив за усни, но една нијанса потемна од природната боја на усните. Внимавајте при нанесувањето на моливот за усни да почнете од средината на усните и да се движите кон краевите.

3. Карминот нанесете го од средината на усните кон краевите, исто како и во претходниот чекор. Потоа, со четка за усни внимателно развлечете го до краевите. Експериментирајте со нијанси на карминот за да откриете која нијанса најмногу Ви одговара на тенот.

4. Врз карминот, нанесете го Вашиот омилен сјај за усни. Можете и да експериментирате со некој кој ги зголемува усните.

5. Усните нека бидат најистакнатиот дел од Вашето лице. Очите нашминкајте ги со некоја понежна нијанса.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>