Top
devojka-make-up-ilike-mk

Решенија за најголемите женски проблеми

Девојките се соочуват со чудни проблеми. Се нервираат за рамачканиот лак на ноктите, разлетаните бебешки влакна на косата, кусите трепки после нанесување на маскарата…

Па еве неколку корисни совети за надминување на проблемите кои ги мачат девојките.

„Ми се лупат ноктите“
Решивте да ги средите ноктите, да ги истурпирате и лакирате, но по еден ден забележувате како горниот слој на ноктот се разделува од долниот. Ова е резултат на погрешно турпирање. За да ги истурпирате правилно ноктите, турпирајте само во една насока и веднаш ќе ја забележете разликата.

„Секогаш го размачкувам лакот за нокти“
Доколку брзате и во последен момент сте ги лакирале вашите нокти, честопати ви се случува да го размачкате лакот. За да ја поправите грешката, капнете една капка безалкохолен ацетон на вашиот показалец (внимавајте на ноктот) нежно поминете врз длабнатинката со цел да ја избалансирате површината. Премачкајте со еден слој безбоен сјај за нокти и подготвени сте!

„Кратките влакна никако да налегнат“
Прснете лак за коса на скалпот, земете четкичка за заби и измазнете ги сите несакани бебешки влакна наназад. Со оваа постапка влакната ќе бидат совршено измазнети.

„Не можам да ја извадам целосно мојата шминка“
Купете млеко за чистење шминка во чиј состав има масло кое ја храни вашата кожа. Сепак, експертите советуваат и употреба на вазелин со кој целосно се отстранува секоја дамка од шминка.

„Четката ми се уништи за брзо време“
Можеби не сте знаеле ама и четките треба да се одржуваат. Секој месец треба да ги миете со сјај за миење садови кој ќе ги отсрани сите бактерии и маснотии насобрани во нејзините влакна. Важно е и како ќе ја сушете. Оставете ја да отстои на хартиено шамивче или на памучна крпа. Кога ќе биде целосно исушена можете да ја користите.

„Сакам трепките да ми изгледаат поголеми“
Купете виткач за трепки и употребувајте го секојдневно. За поголем ефект можете малку да го загреете пред да го употребете. По виткањето, слободно нанесете ја маскара.

„Сенката во прав ми се разлетува додека ја нанесувам“
Кога нанесувате сенка за очи во прав, држете мало парче хартија, со големина на вашето око, за да го спречите паѓањето на сенката надолу по лицето. Откако ќе завршете со нанесувањето на сенката, можете да нанесете зацврстувач на шминка и бидете сигурни дека вашата сенка ќе остане на место.

„Откако ќе нанесам пудра, ми се намалува сјајот на лицето“
При користење пудра во прав, сјајот на вашето лице значително се намалува. За да не го изгубите убавиот сјај, откако ќе нанесете полога, можете да прснете спреј за разладување на лицето, да почекате да се исуши па потоа да нанесете пудра. Спрејот ќе го задржи вашиот сјај.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *