Top
Регенератор за сува коса од три состојки

Регенератор за сува коса од три состојки

Секоја жена посакува здрава и сјајна коса. За да постигнете таков ефект не треба да користите препарати кои ја сушат и оштетуваат вашата коса. И сами можете да се грижите за неа, со подготовка на регенератор кој ќе ви помогне да ја остварите целта. Маслото од јојоба и маслиновото масло се составен дел на голем број купечки регенератори. Тие содржат витамин Е кој го зајакнува и храни влакното, го чува од сушење и пукање.

За подготовка на овој природен регенератор потребни ви се следниве состојки:
– ¼ шолја масло од јојоба
– 1 лажица маслиново масло
– неколку капки етерично масло од рузмарин или лаванда

Трите состојки ставете ги во шишенце со распрскувач и протресете го шишенцето. Регенераторот нанесете го на влажна коса, врзете ја во пунџичка и оставете ја да отстои околу 20 минути. Измијте ја косата со млака вода. За уште посилен ефект регенераторот оставете го да дејствува во текот на ноќта, а утрото измијте ја косата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>