Top
Proizvodi_koi_kje_ve_podmladat_iLike_mk

Производи кои ќе направат да изгледате помладо

Со годините се случуваат промени во изгледот кај секоја жена, меѓутоа со секојдневна нега и неколку совети, ќе ја зачувате Вашата младост подолг временски период.

Еве кои производи ќе Ве одржат во добра форма:

ШАМПОН
Добар шампон кој совршено одговара на Вашата коса ќе ги избрише сите траги без оглед колку години имате. Вашата коса ќе биде сјајна и бујна.

МАСКАРА ЗА КОСА
Доколку забележувате бели влакна, а немате време за фарбање на цела коса, ваква маскара ќе Ви помогне да ги сокриете годините.

ГЕЛ ЗА ЧИСТЕЊЕ
Одберете гел за чистење на кожата по што таа ќе изгледа свежа и здрава.

КРЕМ РУМЕНИЛО
Руменилото во прав ќе остави впечаток дека Вашата кожа е сува и ќе изгледа постаро, затоа купувајте во форма на крема. Дополнително ќе и даде сјај на Вашата кожа а лицето успешно ќе избрише неколку години.

МОЛИВЧЕ ЗА ОЧИ
Одберете моливче за очи со кое дополнително ќе се нагласат Вашите очи и нивната боја.

МАСКАРА И НАВИТКУВАЧ ЗА ТРЕПКИ
Добра маскара може значително да Ве подмлади. Одберете ја онаа која што ќе ги продолжи Вашите трепки и ќе ги направи погусти.

СЈАЈ ЗА УСНИ СО ТОПЛА БОЈА И СЈАЈНА СЕНКА ЗА ОЧИ
Ваков сјај ќе обезбеди дополнителна свежина на вашето лице и помлад изглед.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *