Top
kosa

Намирници за природно осветлување на косата

Доколку сакате за нијанса да ја осветлите косата, а притоа не сакатае да ја оштетувате со хемикалии, треба да знаете дека постојат и намирници во нашата кујна кои ќе ни помогнат во таа цел. Лимонот и камилицата најдобро дејствуваат со помош на сонцето, циметот може да ја осветли косата и до три нијанси, а медот содржи ензим кој произведува мала количина на хидроген пероксид кој треба да се спои со маслиново масло. Летото е идеално време за природно осветлување на косата, а светлите тонови наједноставно ќе се постигнат кај косата со жолтeникав пигмент.

  • Лимон
    Најпознат природен третман за осветлување на косата е оној со лимонов сок. Помешајте свежо цеден лимонов сок со топла вода во однос 1:1. Мешавината нанесете ја на коса, оставете ја дејствува 10-15 минути и исушете ја на сонце. Сонцето ќе го зголеми дејството на лимонот. Овој третман може да го правите само еднаш неделно.
  • Цимет
    Освен лимонот, во осветлување на косата помага и циметот. Помешајте 3 лажици цимет и 4 лажици регенератор за коса, и смесата нанесете ја на косата. Оваа смеса треба да ја оставите да дејствува 4 часа, а косата може да осветли и до три нијанси.
  • Камилица
    Направете појак чај од камилица и оставете го да се олади. Косата измијте ја со чајот, а потоа нанесете регенератор кој не се мие, а во кој ќе додаете неколку лажици од чајот. Косата сушете ја на сонце за да може камилицата побрзо да дејствува.
  • Мед
    Медот содржи ензим кој произведува ниско ниво на хидроген пероксид кој може да ја осветли косата. Две лажици мед ставете во шолја вода и оставете ги половина час. Потоа додадете 2-3 лажици маслиново масло и таквата смеса нанесете ја на косата. Оставете ја да дејствува еден час, а потоа измијте ја со млака вода. Медот нема значително да ја осветли косата, па затоа можете да го комбинирате со третманите со лимон или цимет.



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *