Top
nega-na-kosa

Природни состојки за нега на коса

Плакнењето на косата со природни состојки во голема мера го подобрува квалитетот на косата. Тоа важи за сите видови на коса, од мрсна, исклучително сува, темна, светла и чувствителна коса.

За сјај на косата најдобро е да користите пиво, а третманот е доволно да го примените еднаш во месецот.

Еве со што сè можете да ја миете косата.

Пиво
Кога ќе ја измиете косата, добро истријте ја, исплакнете ја со пиво, тоа на косата ќе и даде сјај и волумен поради витамините и шеќерот.

Лимон
Плакнењето на косата со лимонов сок е добро за осветлување на косата, но има уште една намена, односно помага доколку имате мрсен корен. Исцедете лимон, сокот измешајте го со половина филџан топла вода, растворот нанесете го на коренот и оставете да делува пет минути. Исплакнете со млака вода.

Бреза
Исклучително е лековито плакнењето на косата со чај од лист од бреза. По третманот влакното станува сјајно и свиленкасто.

Коприва
Чајот од коприва може да ја ублажи појавувата на првут, а разблажениот оцет од коприва помага косата да не паѓа. За да добиете идеален раствор, три четвртини од тегла наполнете со лист од коприва. Додајте кора од 300 грама јаболко. Оставете ја смесата на топло место пет недели. Два пати неделно измешајте ја смесата. Со сокот исплакнете ја косата.

Липа
Цветот од липа е лек за коса расцветана од фенирање или бојадисување. Во филџан жешка вода ставете лажиче цветови од липа, изладете ја смесата и исплакнете ја косата со неа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>