Top
nega-na-kozha

Подгответе крема за лице од природни состојки

Секогаш кога имате можност користете домашни креми. Токму оваа домашна крема е идеална за нега на кожата: ја хидрира, го разубавува тенот, ги намалува видливите брчки и го успорува процесот на стареење.  Погодна е за сите видови на кожа.

Резултатите од нејзината употреба се брзо видливи, а рецептот е едноставен и навистина неверојатен.

За подготовка на кремата, потребно е:

• 1 жолчка
• 2 лажици масло од бадеми (можете да го замените со маслиново масло)
• ½ лажица органски мед
• 2 лажички медицински вазелин

Подготовка:
Вазелинот стопете го на пареа. Тргнете го од шпоретот и додадете ги останатите состојки: мед, жолчки и масло. Темелно измешајте ги сите состојки. Мешајте неколку минути додека не добиете хомогена смеса. Потоа ставете ја во кутија, може да ја искористите онаа од старата крема. Со нежни движења, нанесете ја кремата на чиста кожа. По 30 минути остатоците од кремата отстранете ги со памук натопен во минерална вода или со влажни марамчиња.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *