Top
Пилинг за неверојатно меки усни

Пилинг за неверојатно меки усни

Во текот на зимските денови, усните се подложни на пукање, па токму поради тоа потребна е соодветна грижа и нега. Хидратацијата не е доволна без редовен пилинг, таа нема да ви помогне да имате убави и негувани усни. Се препорачува пилинг да правите најмалку еднаш неделно.

Еве една одлична пилинг смеса:

- 1 лажичка мелено кафе
– 1 лажичка цимет
– 2 лажици мед
– 1 лажица шеќер

Сите состојки се мешаат добро додека не се добие соединета смеса. Добиената смеса нанесете ја на усни и нежно масирајте.
Шеќерот ќе направи погруб пилинг, а гранулите од кафе нежно ќе ги отстранат мртвите клетки од кожата. Циметот ќе го ублажи воспалението на вашите оштетени усни, а медот со своите обновувачки својства ќе го забрза процесот на создавање на нова кожа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>