Top
otstranuvanje-sminka

Отстранете ја шминката на природен начин

За да ја отстраните шминката на едноставен начин, не морате да користите специјални и скапи производи. Наместо тоа, може да искористите намирници кои ги имате во вашиот дом.

Млечни производи
Специјализираното млеко за чистење на шминка заменете го со обично млеко. Освен чисто лице, овој производ благодарение на млечните киселини овозможува и регенерација. Иста ефикаснот овозможува и обичниот јогурт.

Сок од свежа краставица
Излупете една краставица, исечете ја на парчиња и исцедете го сокот. Со него нежно отстранете ја шминката од лицето. Краставицата е одличен природен избелувач кој ќе го освежи изгледот на лицето и ќе ги отстрани штетните честички. Со овој сок можете и да го плакнете лицето наутро.

Маслиново масло
Натопете парче памук со малку маслиново масло и со него отстранете ги тушот и маскарата. Маслиновото масло не само што ефикасно ја отстранува шминката, туку и ја храни кожата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *