Top
akni

Отстранете ги акните со помош на две состојки

Секој од нас, барем во одреден дел од живот имал проблем со акни. Естетиката на кожата е многу важна за нас па постојано бараме соодветни решенија за чисто лице. Без оглед колку се корисни, козметичките препарати се со силни хемикалии кои ја сушат нашата кожа, па затоа обидете се со методот на природно чистење. Ви треба само мед и зелен чај.

Секое утро пијте зелен чај со една лажичка мед. Тоа ќе помогне вашето тело да биде прочистено, ќе влијае на вашиот метаболизам и мастите од вашето тело ќе ги снема, а со тоа ќе се смири кожата на вашето лице.

Филтер ќесичката од чајот може да се користи како маска за лице. Смесата од филтер торбичката се меша со мед. Секоја вечер може да ја нанесете оваа маска на вашето лице да стои околу половина час а потоа да ја измиете со млака вода. Кожата ќе се храни и ќе се подмладува.

Зелениот чај се карактеризира со богати антиоксиданти кои помагаат да се омекне кожата и да се прочисти од слободните радикали. Медот успешно го отстранува црвенилото, ја храни кожата и ги убива бактериите кои предизвикуваат акни.

Веднаш по овој третман, хидратирајте ја кожата со крема. Имајте на ум дека кога користите природни препарати, мора да имате трпение, бидејќи процесот е долготраен, но навистина ефикасен.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>