Top
nega-na-kosa

Како да ја освежите бојата на косата

Бојата на косата го губи сјајот, а тоа особено доаѓа до израз после летниот одмор. Доколку сакате брзо и природно да ја освежите бојата на косата, без употреба на дополнителни хемикалии кои само ќе ја оштетат косата, применете ги следниве совети.

Камилица и лимон за блондинки
Доколку имате светла коса, после миењето исплакнете ја со чај од камилица во кој ќе додадете сок од свежо цеден лимон.

Црн чај, кафе и какао за темнокоси
После миење исплакнете ја косата со црн чај или пак кафе. Бојата можете да ја обновите и со маска која се состои од пет лажици какао во прав, малку мед и половина литар јогурт.

Морков и цвекло за црвенокоси
Црвената боја на коса најдобро се освежува со маска од моркови, цвекло, малку мед и неколку лажици јогурт. Ваквата маска треба да ја оставите да дејствува околу еден час.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *