Top
nega kosa

Нешта кои ја уништуваат бојосаната коса

За разлика од природната коса, на бојосаната коса потребно ѝ е посебно одржување и нега. Освен употреба за препарати за нега и хидратација, потребни се одредени промени во секојдневните навики кои се особено штетни за косата.

Често миење на косата
Доколку коренот на косата почне почесто да се мрси, започнете да користите препарати за суво миење на косата. Освен тоа, мијте ја косата со колку е можно постудена вода. На тој начин бојата на косата се одржува посвежа, а и самата коса останува помека.

Изложување на топлина
Жешкото фигаро, топлиот воздух од фенот или топлата пегла за коса ја оштетува природната коса, а бојосаната коса двојно повеќе. Бојосаната коса е многу почувствителна на топлина и брзо се суши. Она што е штетно за кожата е штетно и за косата, па токму затоа и изложувањето на силните сончеви зраци треба да се избегнува.

Пречесто бојосување на косата
Секогаш треба да се придржувате до упатствата кои се приложени кон бојата за коса. Пречестото бојосување на косата ја суши и го оштетува коренот на влакното. Кога ја бојосувате косата, нанесувајте ја само на оној дел кој е пораснат и избегнувајте го веќе обоениот дел. Ако сакате да ја промените бојата на косата, започнете од оној дел кој воопшто не е обоен, почекајте 5-10 минути, па продолжете со боење на остатокот на косата. На тој начин бојата ќе биде изедначена, а косата ќе ја поштедите од сушење.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *