Top
Hands on towel

Навики кои ги уништуваат ноктите

Негуваните раце и убавиот изглед на ноктите се одраз на личната хигиена, но исто така и е еден од начините на кој луѓето го согледуваат нашиот статусен симбол. За да се зачува природната убавина на ноктите, прочитајте кои се работите кои сите ги правиме, а не би требало бидејќи им штетат на нашите нокти.

Користење ист лак подолго време
Конечно сте ја нашле идеалната црвена нијанса или пак совршената розева. Меѓутоа, мора да бидете внимателни бидејќи вашиот омилен лак може да ви ги уништи ноктите. Користење на лакот повеќе од две недели може да доведе до дехидрација на ноктите и појава на бели точки. Мора да водите сметка за тоа колку често го отстранувате лакот, бидејќи е потребно и ноктите да дишат.

Ги користите ноктите како алат
Отворање цврсти капачиња, гребење на самолепливата налепница на амбалажите или замена на клучевите на привезокот се едни од најштетните работи за нашите нокти. Овие работи делуваат исто како грицкањето на ноктите, тие се деформираат и пукаат. Затоа за овие работи користете ги соодветните алатки, со цел да не ги уништувате своите нокти.

Зависност од гелови
Геловите се најдобар начин ноктите целосно да бидат средени 2 недели, меѓутоа како и најдобра така е и една од најлошите работи. Гелот и неговото отстранување ги оштетува и ги прави послаби вашите нокти. Затоа гелот користете го само кога имате потреба, на пример кога одите на одмор и немате време да ги средувате ноктите.

Не користите креми и лосиони
Сувите и испукани раце не изгледаат убаво и здраво. Исто е и со таквите нокти. Кремите и лосиони се многу важни за самите нокти, ги одржуваат здрави и го спречуваат листањето на истите, па со самото тоа и оштетувањето на маникирот.

Правилна исхрана
Ноктите не се само украс на вашата рака. Тие се и огледало на здравјето, а ако се во лоша состојба упатуваат на проблеми со здравјето и на лоша исхрана. За убави и здрави нокти, зголемете го внесот на калциум и преку исхраната внесувајте протеини и минерали кои ги градат ноктите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>