Top

Направете домашен пилинг на усните

Најизложени на надворешни влијанија, како студ и ветер се усните, кои исто така страдаат и во затворен простор заради сув воздух и греење. Многу од кармините со долготраен ефект и пастата за заби уште повеќе придонесуваат за испукани усни.

Пилинг за усни можете да најдете скоро во секоја продавница за козметички производи, а исто така можете да се одлучите за бесплатната варијанта и да измешате неколку состојки од вашата кујна. Ви претставуваме три рецепти за домашен пилинг за усни, а во сите можете да додатете по некоја капка есенцијално масло по ваш избор.

Пилинг од кокосово масло и кафеав шеќер
Измешајте една лажичка кокосово масло со две лажички кафеав шеќер. Нанесувајте од смесата на усните со благ притисок во кружни движења и оставете ја смесата да делува 10 минути.

Пилинг од кафе и мед
Смесата направете ја со една лажица мелено кафе и една лажица мед. Масирајте ги усните неколку минути со кружни движења. Оставете ја смесата да делува како маска неколку минути пред да ја исплакнете со топла вода.

Пилинг од морска сол и шеа масло
Измешајте по една лажица сол и шеа масло и нанесете ја смесата на усните. Масирајте ја кожата и исплакнете со млака вода.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>