Top
brcki_na_lice

Намирници кои се борат со брчките

Целото тело се менува со процесот на стареење, но лицето не може да се прикрие. Постојат одредени намирници кои ќе помогнат кожата да го врати својот сјај и да изгледа младо.

Мед
Шеќерот е штетен за кожата, но природниот шеќер кој го содржи медот всушност помага, бидејќи не предизвикува воспаление во телото и на кожата како што може да предизвика обичниот шеќер. Медот е антиоксиданс кој е одличен за кожата. Најдобриот дел од употребувањето на медот е тоа што може да го јадете или пак да го нанесете на кожата.

Бобинки
Јадењето бобинки може да создаде регенерација на клетките за нова кожа. Тие исто така содржат флавоноиди, полифеноли, витамини, пробиотици и многу антиоксиданси. Сите тие се одлични за вашата кожа.

Листен зеленчук
Секој вид на листен зеленчук и помага на вашата кожа да остане здрава и хидрирана. Овие зеленчуци се како супервитамини полни со антиоксиданси. Нив можете дури и да ги пиете во смуди како полесен начин да се апсорбираат потребните состојки. Сите листени зеленчуци содржат антиоксиданси, но брокулата и спанаќот ги даваат најдобрите резултати.

Домати
Доматите имаат големо количество на витамин Ц, кој помага во создавањето на колагенот кој ја прави кожата еластична. Тие исто така содржат и ликопен, кој ја заштитува кожата од УВ зраците и го подобрува васкуларниот систем. Доматите се толку ефикасни, што по шест недели ќе забележите сјај на кожата.

Авокадо
Авокадото содржи глутатион, за кој се знае дека има неверојатни својства против стареењето. Оваа состојка е исто така присутна кај повеќето намирници за детокс. Кога ги топи токсините од вашиот систем, глутатионот помага при појава на акни и брчки, па дури се покажува и дека го забавува развојот на одредени видови на рак. Омега масните киселини во здравите масти пронајдени во авокадото се од витално значење затоа што тие се дел од ѕидовите на клетките на кожата, кои ја хидратираат кожата однадвор.

Аминокиселини
Голем дел од брчките се создаваат поради малото количество на колаген и еластин во кожата, што се случува при стареењето. Аминокиселините кои се наоѓаат во протеините можат да помогнат да се поправи забавувањето. Овие аминокиселини можат да се најдат во месото, рибата, јајцата, бадемите, семињата.

Зелен чај
Пиењето на зелен чај има повеќе придобивки отколку што мислиме. Истражувањата покажале дека зелениот чај помага клетките да растат правилно и да се одржи здравиот живот. Ова е важно бидејќи потребно е клетките да се регенерираат правилно, за кожата да го задржи младиот изглед.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *